Хроника 07. октомври 2018. / 13:01

Возило на УЈП се преврте во реката Драгор во Битола

Возило на Управата за јавни приходи се преврте во реката Драгор во Битола, а друго на паркингот крај реката е удрено и оштетено, пренесе САКАМДАКАЖАМ.

Другото оштетено возило е на паркингот крај реката и најверојатно од удар на друго возило е поместено од првичното место каде што било паркирано.

На неколку метри под него има и други службени возила од УЈП ,,фиат панди”.

Од СВР Битола потврдуваат дека се работи за сообраќајка.