Хроника 18. октомври 2018. / 13:00

Возило на МВР прегази пешак во Скопје

Возило на МВР прегази пешак во Скопје

Во Скопје на булеварот „Кузман Јосифоски-Питу“ вчера во 13,30 часот А.Б. (37) управувајќи патничко моторно возило „Шкода Октавија“, сопственост на МВР, удрил во пешак М.М. (18) од Скопје. М.М. бил пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“-Скопје.

Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од СВР-Скопје.

Се работи на целосно расчистување на случајот.