Утрово, во 4 часот и 30 минути, во СВР Тетово било пријавено дека во близина на наплатната станица Тетово, во движење се запалило возило на Општинската изборна комисија Гостивар, кое го носело избирачкиот материјал кон Скопје.
Возилото марка „Форд транзит“ го управувал 35-годишниот Ф.А. од Гостивар, а покрај него во возилото се наоѓале уште четворица членови на ОИК Гостивар.
Додека возилото се движело кон Тетово, возачот забележал чад кој излегувал од моторот и веднаш го запрел возилото. Од безбедносни причини, петтемина членови на изборната комисија не сакале да го продолжат патувањето со истото возило, па повикале друго. Избирачкиот материјал, кој воопшто не бил оштетен, бил префрлен во новото возило и испратен во Државната изборна комисија, соопшти портпаролот на СВР Тетово.