Хроника 01. октомври 2018. / 14:53

Возач тешко повреден во сообраќајка кај Делчево

Возач тешко повреден во сообраќајка кај Делчево

Возач е повреден во сообраќајна несреќа на патот Делчево – Очипала.

Според полицијата, вчера во 10 часот било пријавено дека на локалниот пат Делчево – село Очипала, кај место викано „Ралова Чука“, се случила сообраќајна незгода помеѓу „цитроен саксо“ со делчевски регистарски таблици, управувано од В.Г.(55) од с.Очипала-Делчевско и возило „форд“ со штипски регистарски таблици, управувано од Д.П.(74) од Делчево.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото „Форд“-Д.П., кој по укажаната лекарска помош во болницата во Делчево, бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид бил извршен на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.