Хроника

Возач пронајден мртов во камион на кавадаречка фабрика

Возач пронајден мртов во камион на кавадаречка фабрика

Починато лице во возачка позиција било пронајдено синоќа во камион во кругот на кавадаречка фабрика, информираат од МВР.

Според потврдените информации, безживотното тело на 62-годишниот возач на камион, вработен во фабриката, било пронајдено без видливи знаци на насилство.

Телото било предадено на обдукција за да се утврдат причините за смртта.