Хроника 14. август 2018. / 15:02

Возач од Богданци превезувал 30 мигранти

Возач од Богданци превезувал 30 мигранти

Регионалниот центар за гранични работи Север поднесе кривична пријава против М.М.(30) од Богданци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.

Пред два дена на автопат Скопје-Куманово, после наплатна рампа „Романовце“, полициски службеници дале знак за запирање на товарно возило „форд транзит“, кое го управувал пријавениот. Тој не застанал и продолжил со движењето кон Куманово.

На булевар 3-та МУБ, во близина на зеленото пазарче, пријавениот скокнал од возилото, по што тоа се судрило со друго паркирано возило.

При преглед во возилото биле пронајдени 30 мигранти, од кои 28 од Пакистан и двајца од Авганистан, меѓу кои и две малолетни лица.