Хроника 22. јуни 2018. / 20:04

Возач на ЈСП и патник се испотепале, а потоа си подале рака и се гушкале

Возач на ЈСП и патник се испотепале, а потоа си подале рака и се гушкале

На автобуската постојка кај Градската болница утрово дошло до физичка пресметка помеѓу возач на автобус со број „21“ на ЈСП и патник. Според очевидсците возачот со тупаница го удрил патникот, кој завршил на земјата.

По разговорот со учесниците во инцидентот(возачот и патникот), како и очевидци на настанот, внатрешната контрола констатирала одговорност и кај возачот и кај патникот, а двајцата признаа вина за инцидентот. Куриозитет во целиот случај е што на крај тие си подадоа рака, па дури и се прегрнаа во знак на помирување.

Во соопштението на ЈСП се вели: Сакаме да потенцираме, дека внатрешната контрола на ЈСП Скопје, согласно правилникот за работа и соодветните одредби во случај на неодговорно однесување на вработените по одредени основи, за случајот ќе покрене постапка пред соодветната комисија за дисциплинска мерка према возачот. Извесно е дека тој определен временски период ќе биде прераспределен од работното место возач, на работна позиција паркирач во гаража.
Сите останати наводи во јавноста ги оценуваме како тенденциони и засновани на база на шпекулации.