Хроника

Вооружан грабеж во Битола

Вооружан грабеж во Битола

Двајца разбојници ограбиле колонијална продавница, вчера во Битола, информираше МВР. Разбојништвото се случило околу 22 часот во маркет на улица Солунска.

Тогаш две непознати лица со пиштол и се заканиле на вработената. Тие зеле околу 65.000 денари, по што побегнале.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот.