При ископ на земја во кругот на Зоолошката градина во Скопје вчера била пронајдена експлозивна направа.
Како што информира полицијата, случајот бил пријавен вчера во 14:30 часот.
Известена била Единицата за антитероризам, а од стручно лице од Дирекцијата за заштита и спасување експлозивната направа биле подигната за понатамошна постапка, велат од МВР.
Директорот на Зоолошката градина во Скопје, Ѓорѓи Галетановски, во изјава за А1он рече дека бомбата ја пронашле вработените додека ја средувале градината.
Среќа што беа внимателни и што градината е затворена за посетители. Пријавивме веднаш во полиција, дојдоа вработените лица од антитероризам и ја зедоа за понатамошни испитувања, вели Галетановски.