Неофицијално албанските медиуми објавуваат дека телото на еден од двајцата исчезнати полицајци кои во саботата вечерта со полициско возило влетаа во реката Лепенец е пронајдено.
Денеска околу 15:45 минути во заедничка акција помеѓу полицијата на Косово и медицинската помош како и против пожарната служба го пронајде телото на еден од полициските службеници.
Истрагата продолжува и по другиот полицаец, а повеќе информации засега не се објавуваат.