Во попладневните часови на 18 јуни во скопската полиција било пријавено дека под Железен мост на улицата „Васил Чакаларов“ во реката Вардар било пронајдено телото на 90-годишна жена од Скопје.
Од лекар од итна медицинска помош била констатирана смрт.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата е дадено на обдукција.