Хроника 02. октомври 2018. / 11:33

Во Велес се преврте возило со мигранти – има повредени

Во Велес се преврте возило со мигранти – има повредени

Според информацијата од СВР Велес, утрово околу 06.30 часот на автопатот Градско – Велес, патничко возило „рено еспејс“ со струмички регистарски ознаки, управувано од непознато лице, удрило во заштитната ограда и се превртело.

По незгодата, возачот побегнал од местото, а во возилото биле пронајдени 13 мигранти од кои двајца биле повредени. Тие биле пренесени во Општата болница Велес, а поради карактерот на повредите се префрлени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Како што појасни портпаролот Верољуб Додевски, се преземаат мерки за расчистување на случајот, а увид на местото извршила екипа од СВР Велес.а