Хроника 14. јули 2018. / 15:59

Во Вардар велешко пронајден леш на маж

Во Вардар велешко пронајден леш на маж

Вчера во 19.00 часот во река Вардар кај село Кочилари, велешко, пронајден е машки леш, соопштија од полиција.

Поради непристапност на теренот лешот ќе се вади од водите на река Вардар, во текот на денешниот ден,кога ќе биде извршен и увид.

Се очекува МВР да излезе со повеќе детали и утврден идентитет на починатиот.