Хроника 17. ноември 2020. / 11:41

Во угостителски објект во Гостивар се служеле гости по работното време: Приведен сопственикот

Во угостителски објект во Гостивар се служеле гости по работното време: Приведен сопственикот

Вчера (16.11.2020) околу 22 часот и 50 минути, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода Р.Б.(46) од Гостивар.

Р.Б. е сопственик на угостителски објект лоциран во близина на автопатот Гостивар-Тетово, затоа што објектот работел по дозволеното време и во него се наоѓале 12 лица, односно гости, информира МВР.

Тој е задржан во Полициската станица Гостивар за документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен соодветен поднесок, додека неговиот објект бил пломбиран од Државниот пазарен инспекторат.