Хроника 16. октомври 2018. / 15:47

Во тетовско пронајдена зоља

Во тетовско пронајдена зоља

МВР денеска соопшти дека вчера околу 10:45 часот во атар на тетовското село Долно Седларце, на место викано „Јаз“, 38-годишниот Б.М. од село Долно Седларце пријавил оти во нива пронашол рачен ракетен фрлач-зоља од постаро приоизводство.

Увид на местото извршила екипа од МВР и пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување. Пиротехничарот од ДЗС го подигнал рачниот фрлач за понатамошна постапка.