Хроника 08. јули 2020. / 19:30

Во тетовско наполниле дупка со ѓубре па го запалиле

Во тетовско наполниле дупка со ѓубре па го запалиле

На 07.07.2020 околу 13.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека на нива покрај железничката пруга во Тетово, во атарот на с.Порој, непознати сторители со мeханизација направиле длабок ископ и во него депонирале разновиден градежен и друг отпад, кој потоа бил запален.

Со интервенција на тетовската Територијална противпожарна единица, пожарот бил целосно локализиран.

Увид извршила екипа од СВР Тетово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.