Хроника 09. март 2021. / 14:44

Во Тетово приведен 35-годишник баран за издржување затворска казна

Во Тетово приведен 35-годишник баран за издржување затворска казна

Триесет и пет годишен тетовец денеска е приведен во централното градско подрачје откако полицијата постапила по судска наредба за негово лишување од слобода поради потребата од издржување на затворска казна. Тој бил осуден на една година и два месеци затвор.

-Денеска околу 12 часот и 15 минути, на улица „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 35-годишниот тетовец Б.Р., осуден на затворска казна од година и два месеци за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, согласно член 215 од Кривичниот законик, информира Марјан Јосифоски,  портпарол на СВР Тетово.

По приведувањето, реализирано со судска наредба, 35-годишникот е спроведен во Казнено поправната установа Затвор „Тетово“ во Тетово за издржување на казната.