Хроника 19. февруари 2020. / 17:54

Полициска акција во Сарај: Запленет кокаин од пратка поголема од еден тон

Полициска акција во Сарај: Запленет кокаин од пратка поголема од еден тон

Според информациите на „ТВ21“ во тек е полициска акција во селото Крушопек, Сарај.

Запленет е кокаин, иако засега точно не се знае колкава количина завршила во Крушопек, сепак неофицијални извори за „ТВ21“ велат дека се работи за транспорт на околу еден тон.

Првичните информации велат дека пратката прво стигнала од Америка во Бар, Црна гора, а потоа требало да се транспортира во Копер, Словенија.

Од засега непознати причини рутата е сменета и пратката завршила во Крушопек.