На 27.03.2019 година околу 12.30 часот било пријавено дека во атар на с.Амзабегово, светиниколско, настанал пожар на сува трева при што бил опожарен простор од околу два декари. Пожарот е локализиран во 13.30 часот од Територијалната противпожарна единица.
На 27.03.2019 година во 12.30 часот во Полициската станица за Граничен премин „Ново Село“ било пријавено дека во близина на напуштената караула „Бојково“ во село Бојково настанал пожар, при што горела површина од околу 30 хектари нискостеблеста дабова шума. Екипи на Територијалната противпожарна единица Струмица и Шумското стопанство „Беласица“ преземаат мерки за гасење на пожарот.