Хроника 13. јуни 2018. / 15:43

Во Струга ограбено казино – со пиштол и се заканувал на вработената

Во Струга ограбено казино – со пиштол и се заканувал на вработената

Синоќа околу 03:10 часот после полноќ во казино на улица „Маршал Тито“ во Струга непознат маскиран сторител извршил разбојништво над вработената.

Сторителот со закана со огнено оружје од вработената одзел околу 58.800 денари и побегнал во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.