Хроника 25. јуни 2019. / 17:54

Во Струга кучиња скитници убиле 50 овци!

Во Струга кучиња скитници убиле 50 овци!

Педесеттина овци ноќеска биле убиени и масакарирани од кучиња скитници во фармата во сопственост на семејството Узеири од струшкото село Теферич. Сликата која што ја затекнале од Алсат била страшна. Убиени се и многу овци кои, како што велат, сточарите, требало за неколку денови да родат млади јагниња, пишува Алсат.

Брат ми чува овци овде на крајот од селото. Имаат голема штета направено од кучињата скитници. Депонијата од овде е на еден километар и има многу кучиња особено ноќе. Минатиот пат имаше убиени повеќе од триесет овци. Луѓето мислеа дека ги задавиле волци, но ако е волк, волкот ги дави за вратот, а кучињата ги јадат – изјави Реџеп Узеири-сопственик.

За само десет дена ова е втор ваков случај, а за три месеци трет и тоа кај овие исти луѓе. Досегашните штети ги проценуваат на повеќе од 12 илјади евра. Од вкупно 140 овци колку што првично имале, сега им останале само уште 40. Велат дека до сега немаат никаква помош од ниту една инситутција.

Целиот текст можете да го прочитате ТУКА.