Хроника 22. декември 2019. / 19:10

Во Скопската населба Аеродром вечерва е прегазен пешак

Во Скопската населба Аеродром вечерва е прегазен пешак

Прегазен пешак на улицата „Методија Шаторов-Шарло“, кај ресторанот „Еквилибриум“ во Аеродром, пишува порталот Република.

Случајот за порталот го потврдиле од СВР Скопје, од каде соопштуваат дека околу 18:10 часот било пријавено дека возило прегазило жена.

Повеќе детали најавуваат за наскоро. Според очевидци, станува збор за автомобил од марката „тојота версо“.

Екипи на полицијата и Брзата помош веднаш излегле на терен. Повредената жена веднаш била пренесена во болница, а сè уште не се знае степенот на повредите.