Хроника

Во Скопје уапсен дилер со дрога

Во Скопје уапсен дилер со дрога

Полицијата уапсила дилер со дрога во Скопје. Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за недозволена трговија, до надлежното Основно јавно обвинителство – Скопје, поднесе кривична пријава против Д.В.(28) поради постоење основи на сомнение за сторено кривичнo делo „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Завчера околу 21.30 часот на улица „Благоја Паровиќ“ полициски службеници го забележале пријавениот како фрла кесе со марихуана. Кесето било пронајдено, а Д.В. бил лишен од слобода. После тоа, врз основа на судска наредба бил извршен претрес во неговиот дом, каде биле пронајдени една кеса со марихуана, една вреќа со марихуана и дигитална вага со остатоци од марихуана. По извршеното вештачење било утврдено дека во пакувањата има еден килограм и 793 грама марихуана.