Хроника 07. мај 2018. / 14:06

Во Скопје кучиња касаат луѓе на булевари

Во Скопје кучиња касаат луѓе на булевари

Два нови случаи на каснувања од кучиња скитници се регистрирани во последните два дена на улиците во главниот град.

Едниот случај е пријавен вчера а другиот завчера.

Имено вчера во 00,30 часот во Полициската станица Центар, Б.А. (33) од Скопје пријавил дека на 06.05.2018 година околу 20,00 часот на крстосницата од булеварот „Партизански Одреди“ со булеварот „ВМРО“, додека се движел пеш, бил каснат од куче-скитник во пределот надесната нога.

Вториот случај го пријавила А.А.(31) од Скопје на 06.05.2018 година во 16.51 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје. Таа додека го шетала нејзиното куче по булеварот „Јане Сандански“, била касната од куче-скитник во пределот на левата подколеница.