Коста Делов, еден од осомничените за нападот врз Зијадин Села за време на настаните од 27 април во македонскиото Собрание, бил нападнат во притворскиот дел од затворот “Шутка”. Инцидентот го потврдија и од Управата за извршување на санкции, а пренесуваат повеќе македонски медиуми.
Ова е втор напад врз некој од осомничените за тепањето на лидерот на АА, откако претходно истото го снајде и Кире Георгиевски.
Во меѓувреме продолжува судењето за нападот врз пратеникот Зијадин Села. Во кривичниот суд денеска сведочеше Александар Јаневски – Тошта, еден од 10 мината обвинети за тепањето.