Ограбена е црквата „Св.Константин и Елена“ во село Вратница. Како што информира полицијата, вчера во СВР Тетово било пријавено дека на 29/30 март непознати сторители извршиле тешка кражба во црквата „Св.Константин и Елена“ во село Вратница, Тетовско и одзеле накит и бакарни лимови. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот.
Во село Вратница ограбена е црквата „Св.Константин и Елена“
