Претпладнево преде експозитура на „Халк банка“ во Сарај, три лица маскирани со фантомки и вооружени со автоматски пушки, ограбиле 27-годишен маж, кој бил паркиран со возило пред банката.
Неофицијално, тие му одзеле торба со пари во вредност од два милиони денари, односно 35 илјади евра, што оштетениот како дневен промет од неговата фирма, сакал да ги уплати во банката.
Од МВР оваа информација официјално не ја потврдуваат. По нападот, разбојниците со возило побегнале во правец кон Матка.