Хроника 13. септември 2019. / 12:14

Во Ржаничино пронајдено поголемо количество на оружје

Во Ржаничино пронајдено поголемо количество на оружје
фото: архива

Во семејна куќа скопското село Ржаничино полицијата извршила претрес и таму пронашла големо количество на оружје. Според информациите на МВР, во вторникот СВР Скопје – Единица за недозволена трговија, врз основа на судска наредба, изврши претрес во домот на Ѓ.А.(43) во с.Ржаничино, скопско.

При претресот биле пронајдени 70 куршуми, шест ловни патрони, еден пиштол, една рамка со два куршуми и една дигитална вага со остатоци од непозната материја, кои биле привремено одземени. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.