Хроника 30. април 2018. / 10:27

Во РЕК Битола пронајдена граната од Првата светска војна

Во РЕК Битола пронајдена граната од Првата светска војна

Одговорен на обезбедувањето во РЕК-Битола, пријавил дека вчера околу 12,00 часот во РЕК-Битола-Термо, на кота 58 била пронајдена експлозивна направа.

Според информациите, се работи за артилериска граната калибар 75мм од Првата светска војна.

Од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување-Битола, пронајдената експлозивна направа била подигната за понатамошна постапка.