Хроника 13. јули 2020. / 18:33

Во Радовиш исчезнаа две малолетнички – се сомневаат дека завршиле во Сарај

Во Радовиш исчезнаа две малолетнички – се сомневаат дека завршиле во Сарај

На 12.07.2020 во 19.30 часот во Полициската станица Радовиш, Е.К.(66) од с.Злеово, радовишко, пријавила дека на 10.07.2020, во периодот од 15.00 до 20.00 часот, нејзините две внуки Ј.К.(14) и А.К.(16) се оддалечиле од домот.

Според пријавеното, таа се сомнева дека тие работат во угостителски објект во струмичкото село Сарај. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.