Вчера во 09.05 часот на крстосницата со кружен тек помегу ул. „Јаќим Стојковски“ и ул.„Нада Михајлова“ во Пробиштип се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Лада“ со штипски регистарски ознаки, управувано од А.Ј. (38) од Пробиштип и мопед управуван од Б.П. (66) од Пробиштип.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, кој по укажаната помош во Јавната здравствена установа Пробиштип, бил пренесен на понатамошно лекување во Клиничка болница Штип.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип.