На 10.12.2019 околу 14.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во отпад за метал на ул.„Скупи“, поради меѓусебно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Љ.Ш.(42) и Б.С.(31), од една страна, и А.С.(44) и С.Ќ.(19), од друга страна, сите од Скопје.
По документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци, информираат од МВР.