Хроника 29. ноември 2019. / 21:45

Во одвоен инцидент, малолетник и пензионер нападнати од возачи на градски автобус

Во одвоен инцидент, малолетник и пензионер нападнати од возачи на градски автобус

Малолетник и пензионер биле физички нападнати од возачи на автобуси во два одвоени инциденти.

Според билтенот на МВР пензионер од Скопје на возраст од 68 години во полиција пријавил дека во утринските часови на 28. нoември бил физички нападнат од возач на градски автобус.

Нападот се случил на автобуска станица на булеварот „Партизански одреди“, а истиот го извршил возач на градски автобус со број 19.

Истата вечер Н.Г.(36) од Скопје пријавил дека во 13 и 15 часот на улицата Киро Фетак неговиот малолетен син бил физички нападнат од лицето кое го управувало автобусот на ЈСП со бр.41.

Полицијата презема мерки за расчистување на случаите.