Хроника 28. септември 2019. / 18:47

Во нива во дебарски Тараник пронајдена граната од Втората светска војна

Во нива во дебарски Тараник пронајдена граната од Втората светска војна

Во дебарското село Тараник завчера била пронајдена експлозивна направа-граната од Втора светска војна.

Како што соопшти МВР, С.М.(33) од Дебар на 26. месецов пријавил дека при изведување градежни работи во нива, негова сопственост, лоцирана во селото Тараник, пронајдена е граната од Втора светска војна.

Од овластено лице од Дирекцијата за заштита и спасување се преземени безбедносни мерки за подигање на гранатата.