Жител на Росоман додека вршел земјоделски работи пронашол неексплодирана артилериска граната во својата нива, информираат од СВР Велес.
Случајот со експлозивната направа, вчера попладне го пријавил во ОВР Кавадарци.
Увид на лице место извршила екипа на ОВР Кавадарци и ДСЗ. Гранатата е одземена и предадена во Дирекцијата за заштита и спасување.