При несреќен случај, синоќа загина рудар во рудникот Суводол во РЕК Битола, известија од РЕК Битола.
-Со длабоко жалење известуваме дека синоќа при несреќен случај во Рудникот Суводол во РЕК Битола, при работа со градежна машина, животот го загуби работник В.К., 60 години. Во моментот на несреќата, работникот беше ангажиран на извршување на редовни работни активности, стои во известувањето од РЕК Битола.
Стручните служби на РЕК Битола и надлежните органи се на терен за расчистување на околностите под кои се случи несреќата.
Телото ќе биде предадено на обдукција, по што ќе се знаат и причините за смртта на работникот.
Јавноста ќе биде известена за наодите по завршувањето на законски предвидените дејствија.