Хроника 31. јули 2018. / 11:11

Во Неготино трагедија – си го пронашла мажот мртов покрај трансформатор

Во Неготино трагедија – си го пронашла мажот мртов покрај трансформатор

Во Полициската станица Неготино од Итната медицинска помош од Неготино било пријавено дека С.Ј. го пронашла починат нејзиниот сопруг М.Ј.(57).

Случајот бил пријавен вчера во 7 часот, а телото на починатио било пронајдено покрај отворен трансформатор во деловниот круг на „Млин Декамел“ во с.Тремник.

Полициски екипи извршиле увид на местото на настанот.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.