Хроника 06. април 2020. / 11:23

Во Куманово шест прекршувања на полицискиот час, тројца се приведени

Во Куманово шест прекршувања на полицискиот час, тројца се приведени

Изминатото деноноќие во Куманово шест лица го прекршиле полицискиот час. Тројца се приведени.

Како што соопшти МВР, од 7 часот вчера до 7 часот утрово на подрачјето на Куманово регистрирани се шест прекршувања на мерката забрана за движење.

-Преземени се мерки и активности, при што за три лица се земени податоци, а три лица се лишени од слобода и за истите ќе следи соодветен поднесок, се истакнува во соопштението.