Хроника 26. септември 2020. / 19:56

Во Куманово лекар истепал лекар, кој за да се спаси скокнал од прозорецот!

Во Куманово лекар истепал лекар, кој за да се спаси скокнал од прозорецот!

Лекарите постојано се жалат дека се во опасност и се соочуваат со напади од пациентите и од членови на нивните семејства, тие веќе не се безбедни ниту од нивните колеги доктори.

Еден таков случај имало утрово во кумановската болница, кога бил нападнат докторот Шукри Фазлиу. Фазлиу вели дека бил нападнат и навредува од неговиот колега Илбер Исуфи затоа што не одговорил на неговиот телефонски повик.

Фазлиу тврди дека причина за нападот било тоа што не примил на лекарски преглед роднина на лекарот Исуфи.