Хроника 14. јуни 2018. / 21:59

Во куќа во Гостивар се пронајдени два пиштоли

Во куќа во Гостивар се пронајдени два пиштоли

Два пиштоли за кои сопственикот не поседувал дозвола била пронајдени во куќа во Гостовар.

„При извршување на решение од страна на извршителка, при попис на предмети во куќата биле пронајдени два пиштоли: „ЦЗ“ калибар 9мм со рамка без куршуми и „Екол Волга“ калибар 9мм со рамка без куршуми и еден куршум калибар 9мм. За пронајденото оружје, Ф.Ј. не поседувал дозвола“, соопшти МВР.

Со потврда за привремено одземени предмети оружјето било одземено за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот, против Ф.Ј. ќе биде поднесена соодветна пријава.