Хроника 17. јули 2020. / 13:24

Во комбе фатени 18 мигранти од Бангладеш

Во комбе фатени 18 мигранти од Бангладеш

На автопатот Неготино-Градско, во близина на локалитетот „Стоби“, од полициски службеници од Полициската станица Неготино било запрено комбе, управувано од В.Т.(33) од Скопје, во кое се превезувале 18 лица мигранти, сите од Бангладеш.

В.Т. е приведен во полициска станица за понатамошна постапка. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Неготино. Известен бил Јавен обвинител, а мигрантите се сместени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“-Гевгелија.