Хроника 09. април 2020. / 15:07

Во Кисела Вода пронајдени мигранти од Сирија, Палестина и Мароко

Во Кисела Вода пронајдени мигранти од Сирија, Палестина и Мароко

На улицата „Димо Хаџи Димов“, во Скопје вчера (8 април) за време на полицискиот час биле пронајдени тројца мигранти.

Станува збор за 24-годишник од Сирија, 33-годишен Палестинец и 35-годишник од Мароко кој скопската полиција ги забележала во патрола околу 19 часот.

Тие биле приведени во полициската станица Кисела Вода, за понатамошна постапка.