Хроника 16. август 2020. / 21:11

Во казино пуштил во промет лажни банкноти, полицијата го привела

Во казино пуштил во промет лажни банкноти, полицијата го привела

Полицијата вчера го лиши од слобода Д.А.(24) од Македонска Каменица, бидејќи во казино пуштил во промет фалсификувана банкнота од 100 евра.

Според пријавеното во Полициското одделение, Д.А. дошол во казиното и од вработената побарал да му ги замени еврата за денари, а откако си заминал таа забележала дека еврата се фалсификувани.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.