Хроника 17. јануари 2019. / 19:34

Во Кавадарци се степале две наставнички

Во Кавадарци се степале две наставнички

Наставничка нападнала колешка во Кавадарци, информацијата ја потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

– На ден 15 јануари 2019 година во Полициската станица Кавадарци педесет и четиригодишна жена од Кавадарци пријавила дека утрото, околу 8:30 часот, во наставничката канцеларија во училиште во Кавадарци, каде е вработена како наставничка, била физички нападната од нејзина колешка на возраст од 47 години – вели Додевски.

Тој не открива повеќе детали за инцидентот.