Во Кавадарци викендов било пронајдено 14 годишно дете кое од Јавна установа за згрижување на деца со воспитно социјални проблеми и нарушено поведение се оддалечило на 26 мај.
Во саботата околу 23.30 часот, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци, на ул.„7-ми Септември“ во Кавадарци го пронашле четиринаесетгодишното дете од овој град, инаку штитеник на Јавната установа за згрижување на деца со воспитно социјални проблеми и нарушено поведение од с.Визбегово Скопје. За него на 26.05.2020 во Полициската станица Чаир беше пријавено дека се оддалечило од установата. Детето било предадено на вработени од установата – информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.