Хроника 08. март 2019. / 14:40

Во Карпош 4 утрово маж изврши самоубиство

Во Карпош 4 утрово маж изврши самоубиство

Претпладнево околу 11 часот, маж на возраст од 56 години си го одзеде животот скокајќи од 5. кат на ул. Трифун Бузев бр.1 во скопската населба Карпош 4, дознава Сител.

Соседите веднаш повикале Брза помош, но медицинската екипа констатирала смрт.

Во тек е полициски увид, причините за смртта ќе бидат предмет на полициска истрага.