Хроника 21. септември 2018. / 14:51

Во исто време два пожари избувнаа во Битола

Во исто време два пожари избувнаа во Битола

Во исто време од 13 часот на две локации во Битола избувнаа пожари, и тоа едното во населено место во „Брусничка населба“ под улицата Пелиситер и социјалните згради, а дугиот пожар е на ридот кај населбата „Стрелиште“, пренесе Слободен печат.

Од Притивпожарната единици во Битола потврдија дека во моментов интервенираат на двете локации во населените места.

-Првиот пожар е пријавен во 13 часот кај „Стрелиште“ и таму гори трева, по 45 минути добивме дојава за пожар во населбата „Брусничка“ подолу од првиот ред на куќи, во локација каде има треба и ѓубриште, потврдија за „Слободен печат“ од противпожарната служба во Битола.

На двете места се прати возила со пожарникари и се работи на локализирање на пожарите. Пожарот што е во „Брисничка населба“ е во многу биску до првите куќи од населбата, а од другата страна има празни парцели кои не се изградени.

Неофицијално се зборува дека пожарите се подметнати.