Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.В.(28) од Република Чешка за сторено кривично дело “компјутерска измама”.
Во временски период од 05.03.2016 година до 27.04.2016 година пријавениот претставувајќи се како сопственик на фирмата “Памеса Керамика” со седиште во Р.Шпанија со кое Е.Ш.(54) од Гостивар, управител на фирма имал деловна соработка преку електронска пошта, на адресата на Е.Ш. од електронска адреса индентична на фирмата “Памеса Керамика” пријавениот пратил порака во која побарал паричните средства од прва рата во износ од 3.600 евра да ги уплати на сметката на пријавениот.
Откако на 27.04.2016 година, оштетениот ги уплатил паричните средства, а после одреден временски период од фирмата “Памеса” добил известување дека не биле префрлени парични средства, по што дознал дека истите биле префрлени на сметката на пријавениот.