Хроника 03. мај 2020. / 16:21

Во Градско овчар се обидел да силува 16-годишно момче

Во Градско овчар се обидел да силува 16-годишно момче

На 02.05.2020 во 14,30 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека истиот ден околу 09,00 часот во нива во с.Чичево-општина Градско на место викано „Подколец“, 47-годишниот М.В. од Косово, кој работел како најмен овчар се обидел да изврши обљуба врз 16- годишен малолетник, но малолетникот успеал да избега.

Осомничениот бил приведен во полициска станица, известен е Јавен обвинител и се превземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.