Хроника 21. мај 2018. / 13:11

Во Гостивар пронајдена експлозивна направа

Во Гостивар пронајдена експлозивна направа

Околу 11 часот, 53-годишниот Ф.Б. од Гостивар пријавил дека во населбата Циглана забележал експлозивна направа.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Гостивар и од Дирекцијата за заштита и спасување. Експлозивната направа била подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.